ЌЕ ПОСКАПАТ АВИОБИЛЕТИТЕ, ЌЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ЛЕТОВИ Цената на керозинот е двојно повисока

Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници ќе остане ист. Во најлош случај, некои аеродроми ќе се соочат со пад на капацитетот од 10 отсто што би влијаело на 20 милиони патници, вели Ралф Бајзел, извршен директор на Асоцијацијата на германски аеродроми.

1

Асоцијацијата на германски аеродроми (АДВ) предупреди дека може да бидат откажани летови и дека цените ќе растат поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА.

– Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот. Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници ќе остане ист. Во најлош случај, некои аеродроми ќе се соочат со пад на капацитетот од 10 отсто. Тоа би влијаело на 20 милиони патници – вели Ралф Бајзел, извршен директор на АДВ, за весникот „Велт“.

Тој додаде дека тоа би значело дека некои дестинации воопшто нема да бидат опслужувани, а други ќе имаат помалку летови и ќе бидат поскапи.

– Цената на керозинот е двојно повисока од пред војната во Иран. Не очекуваме ситуацијата да се нормализира во наредните месеци, Дури и да има керозин, авиокомпаниите нема да можат да вршат многу профитабилни летови по оваа цена – вели Бајзел.

Поврзани содржини