ФИЛИПЧЕ НАСТАПУВА КАКО ДА Е ПРЕМИЕР, А ПАРТИЈАТА МУ Е ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕ Води предавнички политики, во надеж дека ќе стане власт
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДСМ кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДСМ е борбата за власт, а во моментов и за опстанок.
Венко Филипче е без `рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и за СДСМ не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Изминатиов период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет. Вчера, по половина час откако се формираше новата бугарска влада, Филипче не издржа и истрча прв да честита со објава на социјалните мрежи во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите. По телевизиски настапи Филипче, освен што потврдува дека е спремен да исполнува агенди на туѓи земји, продава и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат“, се вели во соопштението.
Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Францускиот предлог се печатот на влаадеењето на СДСМ, со што создадоа преседан и ја направија Македонија да биде мета на уцени, блокади и на билатерални спорови, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„А Филипче и сега од опозиција продолжува да тврди дека тоа биле успеси. По Зоран Заев и Димитар Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДСМ кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДСМ е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи и да создадат некој впечаток дека нивниот „проевропски наратив“ е конзистентен со нивните постапки, додава партијата.
„Од друга страна одржуваат и проруски релации. Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДСМ, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена, по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е едниствениот кој го знае патот до ЕУ, додека СДСМ секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентиет, како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија, порача ВМРО-ДПМНЕ.