ЕУ ЗНАЕ ДЕКА СКОПЈЕ И СОФИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЗА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО Еврокомесарката Кос е убедена дека ќе има исчекор
Сакаме да ги започнеме преговорите со Република Македонија што е можно побрзо. Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство, изјави eврокомесарката за проширување додавајќи дека проширувањето треба да биде приоритет за Европската унија.
„Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство“. Вака изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос која е во посета на Бугарија за телевизијата БНТ.
– Овие денови треба да отвориме нова поглавје со Албанија. Ако продолжиме на овој начин, можеме да ги завршиме преговорите со Црна Гора во 2026 година и со Албанија во 2027 година. Сакаме да ги започнеме преговорите со Република Македонија што е можно побрзо. Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство- изјави Марта Кос додавајќи дека проширувањето треба да биде приоритет за Европската унија.
Според еврокомесарката Западен Балкан се наоѓа во поинаква ситуација од Украина и досега две земји од Балканот се фаворизани, Црна Гора и Албанија.
– Во Босна има политичка криза и се надеваме дека ќе започнеме преговори и таму оваа година. Сликата е комплицирана. Земјите од Западен Балкан имаат свои специфичности. Бугарија добро го познава регионот и е добро да ја поддржи нивната интеграција, изјави комесарката за проширување. Јас силно верувам дека можеме да извлечеме добри лекции од минатото – заклучи Кос.
Таа вели дека геополитиката се променила во последните години „не само поради Украина, туку поради и САД“ и дека, наводно, Европската унија се соочува со надворешни сили кои сакаат нејзин неуспех.