📷 ЏЕНИФЕР ГАРНЕР ВО ЖЕШКА ПРЕГРАТКА СО БЕН АФЛЕК Нејзиното момче „полудело“, ѝ поставило ултиматум
Поранешните сопружници Џенифер Гарнер и Бен Афлек сè почесто поминуваат заедно, особено по неговиот развод од Џенифер Лопез.
Поранешните сопружници Џенифер Гарнер и Бен Афлек сè почесто поминуваат време заедно, особено по неговиот развод од Џенифер Лопез.
Џенифер деновиве беше фотографирана со Бен на роденденската забава на нивниот син Семјуел.
Џон Милер, партнерот на Џенифер, наводно поставил ултиматум откако папарацо фотографите ги фотографирале неа и Бен во интимен амбиент.
Извор близок до парот тврди за порталот „Пејџ сикс“ дека Милер ѝ поставил ултиматум на својата девојка по фотографиите со Афлек.
Jennifer Garner’s Boyfriend Gave Her an Ultimatum About Ben Affleck https://t.co/BSRzbzc6Rw
— Joey and Heather (@JandHMS) March 12, 2025
Џон знае дека ништо не се случува меѓу Џенифер и Бен, но мисли дека фотографиите не оставаат добар впечаток и покажуваат непочитување кон врската. Тој ѝ постави ултиматум – никогаш повеќе не сака да види такво нешто или нема да има избор и ќе мора да замине, истакнал изворот.
Инаку, Афлек и Гарнер се дружеле за 13-тиот роденден на нивниот син. Направени се снимки за време на натпревар со пејнтбол, а на фотографиите Бен ја прегрнува Џенифер околу половината додека таа нишани во целта. Во текот на прославата се видени поранешните сопружници како се смеат и разговараат.
Извор изјави за „Пејџ сикс“ дека Џон Милер отсекогаш ги поддржувал Џенифер и Бен да делат еднаква одговорност во воспитувањето на нивните деца, но тој верува дека Бен ја преминал границата.
Претходно се појавија гласини дека Бен е заинтересиран повторно да ја разгори романсата со Џенифер, но извор близок до актерката изјави дека „чувството не е заемно“.
– Таа е среќна со своето момче и не ни размислува за врска со Бен Афлек. Тие заедно ги одгледуваат своите деца и тоа е единствената врска меѓу нив од нејзина страна во моментов – рекол изворот.
Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и потоа останаа во одлични односи за доброто на своите деца. Заедно ги имаат ќерките Виолет (18) и Серафина (15) и синот Самјуел (12).