ЕКСПЛОЗИЈА ВО СКЛАДИШТЕ ЗА МУНИЦИЈА ВО БУГАРИЈА Нема пријавено дека има повредени
EMCO го води бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти, според бугарските обвинители, биле цел на руски оперативци во минатото.
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, објавија локалните медиуми и официјални лица. Ова е веќе втора експлозија во воени објекти во последните неколку недели.
Нема пријавени повредени во пожарот што избувна во близина на селото Царева Ливада, а локално емитуваните видеа покажаа како пожарот го осветлува ноќното небо.
– Во овој момент, пожарот го зафати магацинскиот дел од фабриката и се шири од магацин до магацин – изјави за новинарите регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова.
Повикувајќи се на извор од компанијата EMCO, локалните медиуми објавија дека пожарот избувнал на локација управувана од таа компанија и дека истата компанија претрпела експлозија во друг објект минатиот месец.
EMCO го води бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти, според бугарските обвинители, биле цел на руски оперативци во минатото.
Во 2024 година, Бугарија издаде налог за апсење на шест руски државјани обвинети за вмешаност во уништувањето на складиштата за оружје на EMCO во кои се чувала муниција наменета за извоз во Украина и Грузија помеѓу 2011 и 2020 година.
Обвинителите потоа изјавија дека постои основано сомнение дека експлозиите во Бугарија, обидот за труење на Гебрев во 2015 година и експлозиите во складиштата за муниција во Чешка во 2014 година се поврзани. Москва ги отфрли тие обвинувања.