ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА ВО КУЌА ВО КУМАНОВО Починато е едно лице

Како што соопшти полицијата, денеска во 20:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата Ѓорче Петров во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.

884

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.

Како што соопшти полицијата, денеска во 20:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата Ѓорче Петров во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.






– Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек – велат од СВР Куманово.

Поврзани содржини