ЕКОНОМИЈАТА НА ИЗРАЕЛ Е ПОВАЖНА ОД НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ?! Нетанјаху ја напуштил болницата по операцијата за да присуствува на гласањето за буџетот на земјата
Според израелскиот портал Вала, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, присуствувал на пленарната седница и покрај препораките на лекарите да не го стори тоа. Болницата, каде што била извршена операцијата, претходно соопштила дека неговото закрепнување тече без значајни компликации.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти болницата по операција на простата за да присуствува на гласањето за буџетот во Кнесетот.
Според израелскиот портал Вала, Нетанјаху присуствувал на пленарната седница и покрај препораките на лекарите да не го стори тоа. Болницата, каде што била извршена операцијата, претходно соопштила дека неговото закрепнување тече без значајни компликации.
Членовите на владејачката коалиција побарале одложување на гласањето за два закона за буџетот, додека се обидуваат да соберат доволна поддршка за мерките за спречување на буџетски дефицит од околу 15 милијарди израелски шекели (околу 3,8 милијарди евра).
Нетанјаху во неделата беше подложен на операција за отстранување на простатата поради дијагностицирана инфекција на уринарниот тракт, предизвикана од бенигно зголемување на простатата, соопшти неговиот кабинет.