ЕДЕН СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Состојбата во Гостивар се смирува

0

 

На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилската треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, соопшти Министерството за здравство.






Епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции, а бројот на прегледи се намалува.

На 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Министерството за здравство соопшти дека во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Поврзани содржини