„ЏЕЈ ДИ ВЕНС, ДОЈДИ ВО УКРАИНА, ТЕ ЧЕКАМЕ!“ Зеленски пак го предизвика човекот со кого се караше во Белата куќа

За време на напнатите За време на напнатите разговори во Белата куќа претходно овој месец, Џеј Ди Вeнс изјави дека Украина се потпира на присилна мобилизација. На тоа, Зеленски одговори со прашање: „Дали некогаш сте биле во Украина за да зборувате за нашите проблеми?“ во Белата куќа претходно овој месец, Џеј Ди Вeнс изјави дека Украина се потпира на присилна мобилизација. На тоа, Зеленски одговори со прашање: „Дали некогаш сте биле во Украина за да зборувате за нашите проблеми?“

1,736

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика американскиот потпретседател Џеј Ди Вeнс да ја посети Украина, но, како што тврди, сè уште не добил одговор.

Во интервју за списанието Тајм (Time), Зеленски изјави дека му предложил на Ванс да ја преиспита својата одлука да не патува во Украина додека трае војната.






– Сè уште ве чекаме – му порача Зеленски на американскиот функционер, но додаде дека досега не добил никаков одговор.

За време на напнатите разговори во Белата куќа претходно овој месец, Џеј Ди Вeнс изјави дека Украина се потпира на присилна мобилизација.

На тоа, Зеленски одговори со прашање: „Дали некогаш сте биле во Украина за да зборувате за нашите проблеми?“

Игнорирајќи го повикот да ја посети земјата, Вeнс му возврати:

– Всушност, ги следам тие информации и знам дека кога носите луѓе во Украина, ги водите на пропагандна тура, господине претседателе.

Поврзани содржини