Е БУЛЕ, БУЛЕ… Стоиљковиќ до Бучковски: Додека траеше „србизацијата“, народот и јазикот беа македонски, а сега?

Жестока реплика на пратеникот Иван Стоиљковиќ на изјавата на Владо Бучковски дека предолго траела „србизацијата“ на Македонија.

4,191

„Додека траеше процесот на србизацијата државата се викаше Македонија, народот беше македонски, а и службениот јазик беше македонски. Сега, нели, кога расчистивте (со) србизацијата, државата се вика Северна Македонија, народот е северномакедонски, а јазикот во воспоставената јазична федерација е со тенденција да стане бугарски со српски примеси. Е Буле, Буле…“

Ова е репликата на пратеникот Иван Стоиљковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, на изјавата на Владо Бучковски, македонскиот преговарач со Бугарија, дека предлого траел процесот на „србизација“ на Македонија.






Поврзани содржини