ЌЕ АПСТИНИРААТ ОД СЕКС, БРАК И ОД РАЃАЊЕ ПОРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП Што е движењето 4Б?

Основната идеја на ова движење е: жените апстинираат од хетеросексуален брак, романтични состаноци, секс и од породување „во знак на протест против институционализираната мизогинија и злоупотреба“. Движењето се нарекува „4B“ поради овие четири специфични „не“.

701

Мекена, која има 24 години и живее во рурална држава, неодамна им се врати на апликациите за запознавање, една година откако се пронашла себеси. Таа планирала два романтични состаноци за овој викенд, но откако Доналд Трамп победи на изборите, Мекена ги откажала и двата, објави британски Гардијан.

– Потресно е да се знае дека во оваа земја си важен само ако си стрејт белец. Едноставно е поразително што сме во оваа точка. Затоа, нема да дозволам друг маж да ме допре додека не си ги вратам правата – рече таа.






Мекена, која не сакала да се објави нејзиното презиме бидејќи барала приватност, првпат слушнала за движењето 4B пред неколку месеци, преку видео на Тик-Ток што се однесува на јужнокорејското социјално движење.

Во Јужна Кореја, 4B започна како дел од националните протести против користењето шпионска камера со која сторителите снимале мети – од кои повеќето биле жени – за време на секс или додека уринираат во јавни тоалети, без нивно знаење или согласност.

Основната идеја на ова движење е: жените апстинираат од хетеросексуален брак, романтични состаноци, секс и од породување „во знак на протест против институционализираната мизогинија и злоупотреба“. Движењето се нарекува „4B“ поради овие четири специфични „не“.

Во пресрет на победата на Трамп, 4B повторно ѝ е во план на Мекена и таа не е единствената.

Трамп им е омилен на славни и влијателни личности како Џо Роган, Нелк Бојс и Адин Рос, односно тој има силна поддршка меѓу нивните обожаватели – главно млади мажи. Но, за младите жени, долгата историја на мизогинија на поранешниот претседател значи дека гласот за Трамп е глас против феминизмот, особено кога станува збор за репродуктивните права како клучно прашање во 2024 година.

„Девојки, време е да ги бојкотирате сите мажи! Вие ги изгубивте вашите права, а тие го изгубија правото да имаат секс без кондом! Движењето 4Б започнува сега!“, коментирал корисник на видеото на Тик-Ток прегледано 3,4 милиони пати, а поврзано со овој протест.

„Го градам моето тело од соништата кое никој нема да го допре во следните 4 години“, стои во описот на друго видео на кое жена вежба.

Во средата, пребарувањата на Гугл за „4B“ се зголемија за 450%, а најголем интерес доаѓа од Вашингтон, Колорадо, Вермонт и од Минесота.

Поврзани содржини