ТРЕТ ИНЦИДЕНТ ВО ОРМУЗ ПО НЕУСПЕШНОТО ПРИМИРЈЕ Танкер е оштетен, зад операцијата стои Иран?

Британските поморски власти потврдија дека трговски брод бил погоден во Ормускиот Т еснец, додека американски медиуми јавуваат дека Иран испалил ракети кон комерцијални пловила.

0

Британската Поморска трговска операција (UKMTO) соопшти дека танкер кој пловел низ Ормускиот Теснец бил погоден од неидентификуван проектил. Според првичните информации, бродот претрпел структурни оштетувања. Нема извештаи за загинати, повредени или загадување на морето.

Порталот „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставници, објави дека Иран синоќа испалил најмалку две ракети кон комерцијални бродови. Наводно, двата брода биле оштетени, но без човечки жртви.






Информацијата засега не е официјално потврдена од Техеран.

Инцидентот доаѓа само неколку дена откако пропаднаа разговорите меѓу САД и Иран и новите закани од Вашингтон. Само ден претходно Доналд Трамп порача дека Вашингтон или ќе постигне договор со Иран или, како што рече, „ќе ја заврши работата“.

Според Ројтерс, еден од погодените бродови можеби е катарскиот танкер за течен природен гас „Ал-Рекајат“. Извор близок до истрагата тврди дека проектилот ја погодил левата страна на пловилото, по што избувнал пожар во машинската просторија.

Екипажот е безбеден, но поради густиот чад сè уште не е утврден целосниот обем на штетата.

„Катар претходно го обвини Иран дека целел еден од неговите носачи на метан додека транзитирал покрај брегот на Оман“, пишува француски Ле Фигаро.

Во исто време, американски медиуми објавија дека иранската Револуционерна гарда преку радио предупредувала бродови дека нејзините ракети и дронови се подготвени за дејствување.

Поврзани содржини