ДОНБАС ТЕШКО ЌЕ СТАНЕ СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА Русија го смета за своја територија, ја отфрла идејата на САД

Речиси е невозможно трета страна да управува со регион што ѝ припаѓа на Руската Федерација - изјави Песков.

249

Кремљ ја доведе во прашање можноста за реализација на американската идеја за создавање слободна економска зона во Донбас, оценувајќи дека тоа би било тешко остварливо бидејќи територијата официјално е дел од Русија и затоа е речиси невозможно со неа да управува трета страна.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина гледа можност за американско посредување за ставање крај на војната со Русија до крајот на следното лето. Тој додаде дека заедно со американски и европски претставници подготвил документ од една страница со предлози, кој треба да ѝ биде претставен на Москва, а во кој е опфатена и идејата за создавање слободна економска зона.






Украина ја обвинува Русија за незаконска окупација на териториите во Донбас, додека Москва тврди дека нејзините дејствија се мотивирани од потребата за заштита на сопствената безбедност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, категорично ја отфрли можноста за какво било надворешно управување со овој регион.

– Донбас е територија на Руската Федерација, субјект на Руската Федерација. Речиси е невозможно трета страна да управува со регион што ѝ припаѓа на Руската Федерација – изјави Песков на редовниот прес-брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за оваа тема.

КИЕВ СПРЕМИ ДОКУМЕНТ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА Донбас може да стане слободна економска зона до следното лето?

 

Поврзани содржини