🎥 ПОДОБРО Е САД ДА ЈА ЗАТЕГНAT ВИЗНАТА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА, А НЕ ОБРАТНО Мицкоски вели дека политиката на оваа влада е луѓето да не се иселуваат

Ако зборуваме за туристички визи тоа е друго, но ако може да ги затегнеме иселеничките визи јас би бил најсреќен - рече Мицкоски.

101

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека би бил најсреќен ако Соединетите Американски Држави ги затегнат условите за издавање иселенички визи за македонските граѓани. Тој ова го каже денеска одговарајќи на новинарско прашање дали Владата прави нешто за олеснување на иселеничките визи.

– Ако може да ги затегнат условите на Американците за иселенички визи за македонските граѓани, јас би бил најсреќен, затоа што политиката на оваа Влада е да ги врати иселениците. Ако зборуваме за туристички визи тоа е друго, но ако може да ги затегнеме иселеничките визи јас би бил најсреќен – рече Мицкоски по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).






Претходно Федералниот суд на САД ја поништи забраната на администрацијата на Доналд Трамп за издавање имигрантски визи за граѓани од 75 земји, меѓу кои се наоѓа и Македонија, оценувајќи дека ваквата мерка го прекршува федералниот закон за имиграција со тоа што врши дискриминација врз основа на националност.

Поврзани содржини