ДЕТАЛИ ОД НЕСРЕЌАТА ВО ЧАИР Загинатиот 16-годишник, нема дозвола, кацига и возел пребрзо

Надлежните институции продолжуваат со преземање на сите неопходни дејствија за целосно расветлување на трагичниот случај.

452

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје рано утрово изврши увид на лице место кај трговскиот центар „Чаирчанка“, каде што во тешка сообраќајна несреќа загина 16-годишен возач на мотоцикл.

Според првичните сознанија добиени по извршениот увид, 16-годишникот управувал со мотоцикл без да поседува возачка дозвола и без да носи заштитна кацига. Дополнително, утврдено е дека се движел со брзина поголема од дозволената. На критичната локација, тој не успеал навремено да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишен малолетник.






Во несреќата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Малолетникот кој управувал со тротинетот бил повреден и е задржан на лекување во здравствена установа.

Со цел целосно и точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки. Се обезбедуваат и анализираат снимки од видео надзорот на местото на настанот, а издадена е и наредба за обдукција на телото на починатиот мотоциклист. Дополнително, кај 14-годишникот што управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за утврдување на евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции.

Надлежните институции продолжуваат со преземање на сите неопходни дејствија за целосно расветлување на трагичниот случај.

ТРАГЕДИЈА ВО ЧАИР 16-годишник загина на мотор по судир со тротинет управуван од 14-годишно дете

Поврзани содржини