56-ГОДИШНИК ПОЧИНА ПО ПАД ОД ТЕРАСА Полицијата ја истражува трагедијата во Миладиновци
Педесет и шестгодишен жител на скопското село Миладиновци почина на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, четири дена откако, според пријавеното, паднал од тераса на првиот кат од куќа. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Педесет и шестгодишен жител на скопското село Миладиновци почина во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, четири дена откако се здобил со тешки телесни повреди при пад од тераса на куќа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 јули 2026 година околу 06:45 часот, во СВР Скопје од Клиничкиот комплекс било пријавено дека починал М.А. (56) од село Миладиновци.
Според пријавеното, тој бил хоспитализиран на 8 јули, откако паднал од терасата на првиот кат од куќа и се здобил со тешки телесни повреди.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција.
Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.