📽️ ТРИ ДЕВОЈКИ БРУТАЛНО ИСТЕПАЛЕ ДЕВОЈЧЕ ВО КУМАНОВО Се појави снимка, МВР го расчистува случајот

Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично било објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера се обидела да го пријави случајот во полициска станица Куманово, а денеска била примена на разговор.

0

Ново вознемирувачко видео од физичко насилство меѓу малолетници пристигна од Куманово. На снимката се гледа како три девојки брутално  тепаат едно девојче, влечејќи го за коса, удирајќи го со шлаканици и клоци, а во еден момент го фрлаат во ѕид.

Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец, а видеото првично било објавено на „Снепчет“ со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Жртвата вчера се обидела да го пријави случајот во полициска станица Куманово, а денеска била примена на разговор.






Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдиле дека СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство, преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Претходно во јули, во скопската населба Аеродром, беше објавено видео на кое девојче беше натерано да клекне, да се извинува и да ветува дека нема да го пријави настанот, додека беше удирано и снимано од поголема група малолетници.

Поврзани содржини