ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА ЗАВРШНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА СП УРИВААТ РЕКОРДИ Се продаваат и за повеќе од 30.000 долари!?

И покрај високите цени, интересот не се намалува. Завршните четири натпревари носат најголеми фудбалски имиња, огромен влог и борба за трофејот кој секој играч и секоја репрезентација сонува да го освои.

1

До крајот на СП преостануваат уште четири пресметки кои ќе го дадат новиот светски шампион во фудбал или Аргентина ќе го одбрани тронот. Големиот интерес за завршницата на шампионатот се гледа и преку цените на билетите, кои достигнаа астрономски износи.

За полуфиналните и финалниот натпревар, влезниците се продаваат по цени недостижни за голем дел од фудбалските навивачи. За билет од втора категорија потребно е да се издвојат околу7.380 американски долари, додека најдобрите места покрај теренот достигнуваат цена од над 30.000 долари. Во тие суми не се вклучени дополнителните трошоци за патување, сместување и престој во САД.






И покрај високите цени, интересот не се намалува. Завршните четири натпревари носат најголеми фудбалски имиња, огромен влог и борба за трофејот кој секој играч и секоја репрезентација сонува да го освои.

Поврзани содржини