ШУМСКИ ПОЖАР ИЗБУВНА ВО АТАРОТ НА СТРУМИЧКО БАЈКОВО Загрозена е црквата „Св. Петар и Павле“

Во секој момент се очекува да полетаат два ер-трактори на ДЗС, кои ќе им се приклучат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“ во гаснењето на огнената стихија – вели Стојанче Ангелов од ДЗС.

0

Шумски пожар попладнево избувна во атарот на селото Бајково, во општина Ново Село, на падините на планината Огражден, при што постои опасност огнот да се прошири кон црквата „Св. Петар и Павле“, пренесе МИА.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека поради ризикот од ширење на пожарот, во секој момент се очекува да полетаат два ер-трактори на ДЗС, кои ќе им се приклучат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“ во гаснењето на огнената стихија.






Во акцијата за локализирање на пожарот активно учествува и локалното население, кое помага во заштитата на црквата „Св. Петар и Павле“.

Поврзани содржини