🎥 ДЕСЕТТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ Еве како се подготвува и реализира авионското прскање

Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

2

Во раните утрински часови денеска беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје соопштија од Град Скопје.

Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.

Градоначалникот на Скопје Орце Георгиевски сподели видео од денешното прскање против комарци.

Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци:

Дезинсекција против ларви:
7 мај – авионска дезинсекција;
11 јуни – авионска дезинсекција;
26 јуни – теренска дезинсекција;
10 јули – авионска дезинсекција;
23 јули – теренска дезинсекција.

Дезинсекција против возрасни комарци:
1 и 2 јуни – авионска дезинсекција;
18 и 20 јуни – теренска дезинсекција;
27 и 28 јуни – авионска дезинсекција;
13 и 15 јули – теренска дезинсекција.

 

Поврзани содржини