Наутро ќе биде постудено, а преку денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје денеска времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Продолжува периодот на топло време за овој период од годината.
Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер.