📸 ДАЛИ ПРИЧИНА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО БЕШЕ РАКОТ ИЛИ БРАКОТ? Таблоидите тврдат дека Кејт Мидлтон имала љубовник
Наводниот љубовник на принцезата од Велс неодамна почина трагично на 45-годишна возраст, а принцот Вилијам беше меѓу 140-те луѓе на приватната погребна церемонија.
Наводното исчезнување на британската принцеза Кејт Мидлтон беше главна тема во медиумите ширум светот, но од вчера, откако се појави во јавноста и откри дека боледува од рак, британските и светските таблоиди го спомнуваат и името на човекот кој наводно бил љубовник на сопругата на принцот Вилијам.
Тоа е Томас Кингстон, кој наводно бил во емотивна врска и со сестрата на Кејт, но и со Кејт, тогаш девојка на принцот Вилијам. Нивната врска со Пипа Мидлтон не траела, но тие останале пријатели.
Наводниот љубовник на принцезата од Велс неодамна почина трагично на 45-годишна возраст, а принцот Вилијам беше меѓу 140-те луѓе на приватната погребна церемонија.
Тој беше успешен бизнисмен и сопруг на Лејди Габриел, блиска роднина на кралот Чарлс и кралицата Елизабета. Томас бил пронајден мртов со повреда на главата. Смртта била прогласена за самоубиство, зашто до неговото тело бил пронајден пиштол.
Многу теоретичари на заговор до вчера тврдеа дека тајната љубовна врска со Томас Кингстон можеби е причината за нејзиното исчезнување, како и причината за трагичната смрт на Томас. Сега оваа теорија се напушта, откако беше објавено видеото на принцезата кое расплака многумина откривајќи дека таа се бори со ракот.
Кралското семејство за сето време не даде никакви конкретни информации што всушност се случува со Кејт. Наместо тоа, беше објавена фотошопирана фотографија на која таа позира со своите деца.
View this post on Instagram