Педесетидвегодишната американска актерка Џенифер Гарнернаводно воопшто не е заинтересирана да ја обнови врската со поранешниот сопруг Бен Афлек. Тие беа во брак 13 години, а извор близок на актерката изјави за Page Six дека таа не е отворена за нова романса со нејзиниот поранешен сопр
Гласините дека можно е да ја обноват врската деновиве се најгласн откако апараците ги фотографирале насмеани, блиски и во прегратка, сред „Пејнтбол“ игра со нивниот син Семјуел во Кастаик, Калифорнија, САД, но и по таа семејна активност, објави „Ти-ем-зи“ (TMZ). уг.
„Чувството не е взаемно. Таа е среќна со своето момче и не ни размислува за врска со Бен Афлек. Тие заедно ги одгледуваат своите деца и тоа е единствената врска меѓу нив од нејзина страна во моментов“, рекол изворот.
Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и после тоа останаа во одлични односи за доброто на своите деца. Заедно ги имаат ќерките Виолет (18) и Серафина (15) и синот Самуел (12).
По Гарнер, Бен извесно време беше во врска со Ана Де Армас. Пред три години тој се ожени со латино дивата Џенифер Лопез, но нивниот брак официјално заврши оваа година. Гарнер е во врска со претприемачот Џон Милер од 2018 година.
Кон крајот на минатата година Гарнер и Афлек се почесто беа „ловени“ од фотографите како времето го поминуваат заедно. Тие делеа заеднички оброци за Денот на благодарноста на бездомниците, а во декември беа фотографирани како заедно се возат во автомобил. Џенифер, наводно, претходно му донела појадок на Бен и останала со него некое време.
Бен Афлек, кој инаку е познат по намуртениот лик, речиси секогаш е насмеан кога е во друштво со поранешната сопруга.