📽 ЧУДО СПРОТИ ВЕЛИГДЕН Грчка лекарка преживеа судар со воз

Лекарката  Виви Лукопулу  враќала дома од 36-часовна смена во болницата Сент Андреј и со својот автомобил излетала на шините, иако рампата била спуштена. Во тој момент воз со голема брзина се приближувал, а лекарката се обидела да згази на гас, но не можела да го избегне ударот.

800

Вистинско чудо се случило во пресрет на Велигден во Патра (Грција), кога лекарка преживеала удар од воз додека се враќала од работа.

Лекарката  Виви Лукопулу  враќала дома од 36-часовна смена во болницата Сент Андреј и со својот автомобил излетала на шините, иако рампата била спуштена. Во тој момент воз со голема брзина се приближувал, а лекарката се обидела да згази на гас, но не можела да го избегне ударот.






Видеото, снимено од безбедносните камери, го покажува моментот на страшниот удар и како автомобилот одлетува. Во судирот возилото било целосно уништено, а повредената лекарка ја извлекле пожарникарите.

Лекарката, според грчките медиуми, има  повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, но не е во животна опасност. Таа за медиумите изјавила дека не се сеќава на тоа што се случило.

-Не се сеќавам на ништо… Навистина. Добро сум и им благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене – изјавила таа.

Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец.

-Се враќаше од смена, исцрпена… Имаше неколку тешки случаи, дали се замислуваше како размислува за пациентите, а во еден момент ослепе од се. Светецот ја штити… Возот забави малку 50 метри порано, тоа ја спаси – изјавил нејзиниот сопруг Јоргос.

Тој сепак вели дека е огромен проблем што заштитната рампа не ја штити целата должина на пругата, туку само едната страна од коловозот.

– Зошто сè не е затворено, ги прашав надлежните… – вели тој.

Поврзани содржини