ЧАД СЕ ШИРИ КОН ПАТОТ ВЕЛЕС-ШТИП, ПОЛИЦИЈАТА ПО ПОТРЕБА ГО РЕГУЛИРА СООБРАЌАЈОТ Пожарот кај Велес се гаси со два ер-трактори и со две противпожарни возила
Опасноста е намалена, но пожарот кој почна во велешката месност Дорутовец, е проширен во правец на патот Велес -Штип, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Чад од пожар во близина на Велес се шири кон патот Велес-Штип, поради што е побарана е помош од полицијата за регулирање на сообраќајот согласно потребите, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Овој пожар избувна денеска попладне во велешката месност Дорутовец, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот.
Поради ветерот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на ДЗС, а на терен се и 6 пожарникари на Територијалната противпожарна единица Велес кои дејствуваат со две возила
Во гаснењето се вклучиле и жители од селото Чалошево и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“.
„Опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес -Штип. Заради чадот што ветерот го носи кон автопатот, од Главниот штав за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потребите. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен“, соопшти ДЗР.
До 18 часот денеска во Центарот за управување со кризи се регистрирани 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 4 пожари, а изгаснати се 5.