ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ЛИЦЕНЦИ ЗА РАКЕТИТЕ ПАТРИОТ Можна обнова на дипломатските напори за мир во Украина
Добра средба со претседателот Трамп во Овалната соба. Ви благодарам за сè што правиме заедно за да ги заштитиме животите на Украинците и да го унапредиме мирот, објави украинскиот претседател Володомор Зеленски, по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Белата куќа во Вашингтон разговараале како да се зајакне противвоздушната одбрана на Украина од руските ракетни напади.
„Добра средба со претседателот Трамп во Овалната соба. Ви благодарам за сè што правиме заедно за да ги заштитиме животите на Украинците и да го унапредиме мирот. Прво и најважно, му упатив сочувство на претседателот Трамп за смртта на Линдзи Греам. Тој беше вистински пријател на Украина. Претседателот и јас разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи на ракети Патриот и неколку други идеи што би можеле да помогнат. Разговаравме и за дипломатијата – важно е дипломатскиот процес да се обнови. Нашите тимови ќе ги договорат деталите за нивната понатамошна комуникација. Благодарен сум на Соединетите Американски Држави за нивната цврста поддршка“, објави зеленски на Икс.
СоединетитеАмерикански Држави делуваат како медијатор во војната што ја почна Русија во февруари 2022 година, но нивните напори за прекин на борбите паднаа во втор план, делумно и како резултат на конфликтот на Вашингтон со Иран.
Разговорот меѓу Трамп и Зеленски се одвиваше зад затворени врати и, според американските медиуми, траеше нешто повеќе од еден час.
Трамп и Зеленски се сретнаа неколку пати во изминатите недели: на самитот на НАТО во Анкара на почетокот на месецот и на самитот на Г7 во францускиот град Евијан во средината на јуни. На двата самити, САД поддржаа заеднички позиции за војната во Украина.
Во Анкара, Трамп истакна дека има добар однос со својот украински колега.
По средбата со Зеленски, Трамп денеска го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. Подоцна се очекува сите тројца лидери да присуствуваат на комеморацијата за покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој се сметаше за еден од клучните поддржувачи и на Украина и на Израел во американскиот Конгрес.