ЦЕНТАРЦИ, ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД КАБАСТ ОТПАД! Контејнерите ќе бидат поставени на неколку локации од 15 до 20 април
Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан - порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ја започна третата акција за собирање кабаст отпад, која ќе се одржи од 15 до 20 април. Жителите ќе можат бесплатно да го одложат отпадот во контејнерите за таа намена.
Контејнери се поставени на следниве локации:
– Дебар Маало – парк на улица Наум Наумовски Борче – кај Партизан и на улица Алберт Ајнштајн кај КСП – Центар Јадро.
– Буњаковец на улица Киро Крстевски Платник, кај кривината со улицата Рајко Жинзифов и на аголот на улиците Борка Талевски и Костурски херои.
– Пролет на булеварот Крушевска Република, спроти Веро Џамбо.
– Водно на улицата Питу Гули, кај кошаркарското игралиште.
– Апелирам да продолжиме со одговорното одлагање на овој вид отпад. Искористете ги поставените локации за да го направиме Центар почист и поурбан – порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Акцијата се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Акцискиот план за чист воздух.