📽️ БУНТОВНИЦИТЕ ПАЛАТ ВО ПАЛАТАТА НА АСАД Шетаат низ луксузот, земаат скапи предмети и облека

948

Сириските бунтовници прогласија крај на владеењето на претседателот Башар ал Асад откако синоќа го освоија Дамаск.

Тие потоа упаднаале во палатата на Асад во Дамаск во областа Малкех, каде што запалиле една сала, пренесе АФП.






Во моментот на преземање на главниот град, бунтовниците ги пребарале просториите и ги земале работите.

Од снимки од местото на настанот се гледа како луѓето слободно шетаат низ луксузните простории, додека некои, револтирани од владеењето на Асад, уништуваат инвентар и крадат вредни предмети.

Авионот за кој се верува дека го превезувал сирискиот претседател Башар ал Асад исчезнал од радарите, а некои сириски извори сега тврдат дека е можно Асад да го загубил животот при падот на авионот.

Русија објави дека Асад поднел оставка и ја напуштил Сирија.

 

Поврзани содржини