ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА Не бил овластено лице во фирма која доби милионски тендер

Тој фалсификат најверојатно го направиле со фотошоп или со ЧатЏПТ. Тоа е кривино дело. Побарав извинување за кажаното. Но, потоа на сајтот СДСМ продолжи, со соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ преку овој тендер ја финансира Платформата 12.05, вели Никола Ќуркчиев.

3

Фалсификат е документот со кој мафта Венко Филипче дека јас сум овластено лице на фирмата која добила тендер од 1,6 милион евра и за тоа ќе ги тужам, рече денеска Никола Ќуркчиев од СДСМ, кој е дел од иницијатирите на Платформата 12.05.

– Станува збор за компанија од Грција која инвестираше во Македонија во 2019 година, кога премиер беше Зоран Заев. Јас бев хонорарно ангажиран, но не сум имал својство на овластено лице. Фирмата „Армос Балкан“ тогаш победи на тендер. Јас веднаш дадов демант кога се појави информацијата од Венко Филипче дека сум  поврзан со таа фирма – рече Ќурчиев.






Додаде дека Филипче во интервју на телевизија мафтал со листови на кои тврди дека стои неговото име како овластен претставник на фирмата.

– Тој фалсификат најверојатно го направиле со фотошоп или со ЧатЏПТ. Тоа е кривино дело. Побарав извинување за кажаното. Но, потоа на сајтот СДСМ продолжи, со соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ преку овој тендер ја финансира Платформата 12.05. Отидов во СДСМ и им дадов опомена пред тужба, а ќе следува и кривична пријава. Имаат рок од 8 дена да ми се извинат, кој истекува – рече Ќурчиев на денешниот брифинг за следните активности на Платформата 12.05.

Платформата 12.05, иницирана од поранешни функционери на СДСМ, денеска најави дека ќе го руши Венко Филипче од лидерската позиција на СДСМ, со цел СДСМ повторно да стане силна опозициска партија која ќе биде стожер за силно опозициско обединување, а со крајна цел – победа на парламентарни избори и симнување од ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ денеска на брифинг ги најавија следните чекори на иницијативата 12 и 5. Во сабота ќе ги одржат вторите „Разговори за иднината во 12 и 5“, на тема „35 години потоа“, по што, можеби и од следниот ден „ќе тргнат“ по Филипче.

Филипче, пак, им порача да се вразумат.

ПРВО ЌЕ ГО СРУШАТ ФИЛИПЧЕ, ПА ЌЕ ЈУРИШААТ КОН ВЛАСТА Платформата 12.05 се одважи да се справи со колабираниот СДСМ и да создаде опозициски фронт

 

Поврзани содржини