🎥 „БУКЕТ“ ОД 460 ЕВРА! Можете ли да погодите што држи Северина во рацете на фотографиите од прославата на роденденот?

Хрватската пејачка Северина го прослави својот 53-ти роденден пред неколку дена. Пејачката славеше на село, опкружена со членови на семејството и најблиски пријатели.

518

Хрватската пејачка Северина го прослави својот 53-ти роденден пред неколку дена. Пејачката славеше на село, опкружена со членови на семејството и најблиски пријатели.

„Девојка од село го прослави својот роденден…“, се пошегува таа во описот на видеото од прославата. Нејзиниот син Александар беше со неа.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


На видеата и фотографиите, таа имаше необичен букет во рацете, кој всушност не е цвеќе, туку чанта.

Станува збор за дело од ирската модна дизајнерка Симон Роча. Чантата, која изгледа како букет цвеќе, се нарекува „Букет чанта“. Моментално не е достапна во официјалната веб-продавница на брендот, но нејзината цена е 395 фунти (околу 460 евра).

Кој беше на роденденот на Северина? Пејачката била видно расположена и цело време насмеана додека ги поздравувала гостите, меѓу кои биле нејзината внука Миа, пријателките Соња Дворник, Андреа Чермак и Даниела Гајски, како и двајцата менаџери – сегашниот Томица Петровиќ и поранешниот Едвин Софтиќ. Нејзината адвокатка Јасминка Билош се придружила на прославата, како и многу други долгогодишни соработници и пријатели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Пејачката сподели видео од себе како танцува на роденденска забава, додека во позадина се слуша инспиративниот говор на Снуп Дог.

„На крајот, но не и најмалку важно, сакам да си се заблагодарам себеси. Сакам да си се заблагодарам што верував во себе. Сакам да си се заблагодарам што ја работам целата оваа тешка работа. Сакам да си се заблагодарам што немав слободни денови. Сакам да си се заблагодарам што никогаш не се откажав. Сакам да си се заблагодарам што секогаш давам. И се обидувам да дадам повеќе отколку што добивам. Сакам да си се заблагодарам што се обидувам да направам повеќе правилно отколку лошо. Сакам да си се заблагодарам што сум јас во секој момент“, цитирала Северина во описот на објавата.

 

Поврзани содржини