БИВШИОТ НА СЕВЕРИНА ЗА ПРВПАТ ЌЕ СТАНЕ ТАТКО Игор Којиќ потврди дека го очекува своето прво дете, а среќната вест го изненади дури и неговиот татко Кеба

Игор Којиќ потврди дека со партнерката Никoлина Шапоња го очекуваат првото дете, а неговиот татко Драган Којиќ Кеба за бременоста дознал од новинарите

1

Игор Којиќ потврди дека со својата девојка Николина Шапоња го очекуваат своето прво дете, а среќната вест го изненади дури и неговиот татко Драган Којиќ Кеба.

Како што објавија српските медиуми, Николина, која по кратката манекенска кариера се насочи кон политиката, неодамна дознала дека е бремена, а веста за „Блиц“ ја потврди и самиот поранешен фудбалер.






– Вистина е, благодарам на честитките, фала му на Бога, сè е како што треба – изјави Којиќ, кој не откри повеќе детали.

Дека бременоста е во самиот почеток потврди и реакцијата на неговиот татко, Драган Којиќ Кеба, кој за веста дознал од новинарите.

– Ова мора да е скриена камера, но ако е вистина, нема вага што може да ја измери мојата среќа и радост. Игор не сум го видел петнаесет дена. Ако тоа што ми го кажавте е точно, никој не е посреќен од мене – рекол Кеба, не криејќи колку му е драго што токму убавата Риечанка го освоила срцето на Игор.

Игор и атрактивната Николина долго време ја чуваа својата врска подалеку од очите на јавноста. Заедно првпат привлекоа поголемо внимание на почетокот на 2026 година, кога Игор објави нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Поранешниот фудбалер, кој по кратката менаџерска кариера стана агент за недвижности, на хрватската јавност ѝ е познат како поранешен сопруг на Северина, со која беше во  брак шест години. Подоцна само пет месеци беше во брак со 15 години помладата Загрепчанка Софија Даќиќ.

Поврзани содржини