БУГАРИТЕ ЌЕ КУПУВААТ ХРАНА ОД ДРЖАВНИ МАРКЕТИ Продажната маржа нема да биде повисока од 10%

Планирано е сопственик на капиталот на новото трговско друштво да биде Министерството за земјоделство и храна.

332

Бугарскиот Парламент одобри создавањето на комерцијална компанија – ЕАД, која ќе тргува со основни прехранбени производи преку синџири на продавници со продажна маржа до 10 проценти. Предлогот, вклучен во предлог-законот за државниот буџет за 2025 година, поднесен од пратеникот Јордан Цонев од „ДПС-Нов почеток“, беше усвоен со 117 гласа „за“, 102 пратеници гласаа „против“, а двајца беа воздржани.

Планирано е сопственик на капиталот на новото трговско друштво да биде Министерството за земјоделство и храна.






Компанијата ќе врши трговија со храна и други основни производи преку синџири на продавници, пред сè од бугарски производители, со трговска маржа до 10 проценти.

Пратениците го задолжија Министерскиот совет во рок од еден месец да ги преземе сите неопходни активности за формирање на компанијата и нејзиното функционирање. Според усвоените текстови, друштвото е основано со капитал од 10 милиони лева.

При разгледувањето на предлогот пред една недела во собраниската Комисија за буџет, подносителот Јордан Цонев рече дека новата компанија ќе го скрати синџирот на снабдување со храна од производителот до крајниот купувач, а и ќе ги намали цените на стоките, кои во одредени случаи се шпекулативно напумпани.

Тој посочи дека слични продавници има и во земји како Германија и Франција.

Создавањето на државен на продавници со прехранбени стоки со контролирано потекло и цени е најважниот чекор што треба да го направи државата за да се зауздат шпекулациите на препродавачи, синџири и картели, да се поддржи куповната моќ на луѓето и пристапот до квалитетни и достапни прехранбени производи, дури и во најмалите населени места, се наведува во предлогот за измени и дополнувања на Законот за државен буџет за 2025 година.

Поврзани содржини