Помладиот брат на познатиот американски ар-ен-би пејач и музичар Френк Оушен (32), 18-годишниот Рајан Брео, загинал во ужасна сообраќајна несреќа што се случила во Калифорнија, пренесува „Дејли мејл“.
Покрај Рајан, неговиот најдобар пријател, исто така, починал на лице место во автомобилот, а несреќата се случила поради неприлагодена брзина, јавуваат странските медиуми. Последната фотографија на Рајан на социјалните медиуми е направена токму во автомобилот.
– Властите сè уште истражуваат точно како се случила несреќата, а Френк одвај успеал да го идентификува телото на својот брат, кое беше непрепознатливо – изјавил извор близок до семејството за американските медиуми.
Френк Оушен стана голема музичка sвезда на почетокот на деценијата, особено откако во 2012 година го издаде долгоочекуваниот деби-албум „Channel Orange“, кој беше прогласен за издание на годината од многу реномирани музички критичари. Тој освои две Греми во својата кариера, наградата Брит за најдобар машки изведувач во 2013 година, а истата година магазинот „Тајм“ го вклучи во листата на 100 највлијателни луѓе во светот.
FOTO: Instagram