📽️ БЛИЗНАЧКИТЕ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ПЛЕЈБОЈ-ВИЛА ОТКРИЈА ШТО БАРАЛ ХЕФНЕР ОД НИВ „Сакаше да имаме сексуални односи, а тој да нè гледа“
Кариса Шенон открива дека Хју Хефнер барал од неа и близначката Кристина да имаат сексуални односи пред него, но тврди дека двете само глумеле.
Кариса Шенон, една од поранешните девојки на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, проговори за вознемирувачките барања со кои се соочувала додека живеела во неговата позната вила. Таа потврди дека Хефнер сакал таа и нејзината сестра близначка Кристина да имаат сексуални односи една со друга пред него, но откри дека двете никогаш навистина не го направиле тоа – туку само глумеле.
Кариса и Кристина се преселиле во резиденцијата на Хефнер во 2008 година, кога имале 19 години, и таму живееле до 2010 година. Во интервју за „Пејџ сикс“, Кариса раскажала дека Хефнер се обидувал да ги натера да имаат сексуален однос една со друга, бидејќи сакал да ги гледа. Дури им зборувал дека, ако навистина се сакаат, треба да го направат тоа.
– Сестра ми и јас никогаш навистина не го направивме тоа. Сакам ова јасно да го нагласам. Никогаш немавме таков сексуален однос. Глумевме. Глумевме секојпат. Беше ужасно – изјавила Кариса.
Таа открила дека со сестра ѝ однапред се договарале како да реагираат на неговите барања.
– Разговаравме и си рековме: Ајде само да глумиме – раскажала таа. Според Кариса, Хефнер никогаш не сфатил дека двете се преправаат и бил убеден дека неговата желба се исполнува. Самата идеја за таков чин меѓу близначките, како што тврди таа, го правела среќен и ја сметал за нешто „убаво“.
View this post on Instagram
Ова не се први тешки обвинувања што Кариса ги изнесува за периодот поминат во вилата. Во документарната серија „Secrets of Playboy“ таа претходно ги опишала сексуалните односи со Хефнер како напад, споредувајќи ги со силување. Нејзините најнови изјави се совпаѓаат со тврдењата на вдовицата на Хефнер, Кристал Харис, која неодамна раскажа дека тој се обидувал да ги поттикне близначките на сексуални дејствија една со друга.
Харис, во емисијата „Lisa Guerrero Unleashed“, изјавила дека Хефнер се обидувал физички да ги насочи близначките една кон друга за да ги натера на сексуален однос. Таа рекла дека ѝ било многу тешко да гледа што се случува и дека почувствувала олеснување кога сестрите добиле можност да ја напуштат вилата.
Хју Хефнер, основачот на „Плејбој“, почина во септември 2017 година, на 91-годишна возраст. Неговата вдовица Кристал со години зборува за искуствата од животот во вилата, а новите сведоштва повторно ја отвораат темата за односите, моќта и притисоците врз младите жени во неговото опкружување.