Поврзани содржини
Актерката Руби Роуз изнесе сериозни обвинувања против поп-ѕвездата Кејти Пери, тврдејќи дека била сексуално нападната од неа пред речиси две децении.
Според нејзината објава на социјалните мрежи, настанот наводно се случил во ноќен клуб во Мелбурн, кога таа била во раните дваесетти години.
– Ми требаа речиси дваесет години да го кажам ова јавно. Траумата и сексуалното злоставување оставаат длабоки последици – напиша Роуз, додавајќи дека конечно нашла храброст да проговори.
Од друга страна, тимот на Кејти Пери експресно реагираше и ги демантираше обвинувањата.
– Овие тврдења не се само целосно неточни, туку и опасни и неодговорни лаги – стои во нивната изјава, во која дополнително се посочува дека актерката и претходно изнесувала јавни обвинувања кои биле негирани.
Ова не е првпат Руби Роуз јавно да ја критикува Кејти Пери. Уште во 2017 година, таа ја нападна нејзината песна Swish Swish, нарекувајќи ја „намерно лоша“, но неколку дена подоцна се извини и ги повлече зборовите.
Во последните години, Кејти Пери се соочува со предизвици и на професионален и на приватен план. Иако некогаш беше меѓу најголемите поп-ѕвезди, нејзините понови музички проекти не го достигнаа успехот од претходните хитови.
Дополнително внимание привлече и нејзиното појавување по враќањето од вселенско патување, кога симболично ја бакна земјата – потег што предизвика поделени реакции во јавноста.
На приватен план, медиумите пишуваа и за крајот на нејзината врска со актерот Орландо Блум.
И покрај сè, Кејти Пери продолжи да настапува низ целиот свет во рамки на својата турнеја, а среќата ја пронајде во љубовта со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.