БЕЗ РАЗЛИКА НА РЕЛИГИЈАТА, ОБЕДИНЕТИ СМЕ ВО ЉУБОВТА, ПОЖРТВУВАНОСТА И ВО СОЛИДАРНОСТА Вреди го честита Велигден на христијаните
Како општество и како држава сме поминале низ тешки времиња, но на верските празници секогаш сме биле обединети и тоа ни докажа дека кога ќе се собереме, ја надминуваме секоја пречка, без разлика колку е голема, се вели во велигденската честитка на Вреди.
Почитувани православни и католички верници, ве молиме прифатете ги нашите најискрени честитки за големиот празник Велигден со желби и молитви за среќна прослава во вашето семејството, благосостојба, здравје, радост и среќа, се вели во велигденската честитка на коалицијата Вреди.
„Овој викенд е посебен за православните и католичките верници ширум светот. Ова се денови на приближување еден до друг, но и на доверба меѓу нас. Како празник на воскресението и обновувањето, Велигден е симбол на жртва и надеж, на нови почетоци. Во духот на овој благословен ден за овие верници на воскресението на животот и надежта, да размислиме дека без разлика на нашите религиозни убедувања, обединети сме во највисоките човечки вредности на хуманоста, пожртвуваноста, љубовта и солидарноста. На вас и на сите граѓани ви посакуваме добро здравје, мир и духовна удобност во овие празнични денови“, соопшти Вреди.
Како општество и како држава сме поминале низ тешки времиња, но на верските празници секогаш сме биле обединети, се додава во соопштнието.
„Тоа ни докажа дека кога ќе се собереме, ја надминуваме секоја пречка, без разлика колку е голема. Затоа, денес се молиме и посакуваме повеќе добрина и повеќе љубов. Среќен Велигден!“, се вели во велигденската честитта од Вреди.