БЕЗ НОВ КОМПЛЕТ ЗА БРЗА ПОМОШ НЕ ТРГНУВАЈТЕ ЗА ГРЦИЈА Непочитувањето на правилото чини 30 евра

Комплетот содржи 16 специфични предмети меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници.

456

Од 18 јуни возачите кои возат во Грција ќе треба да поседуваат нов комплет за брза помош, информираа од Макам- транс.

Комплетот содржи 16 специфични предмети меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници. Наједноставно е купувањето комплет со ознаката DIN 13164-2022.






Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со CE, во согласност со регулативата на Европската Унија за медицински помагала.

Доколку при полициска контрола се утврди дека возилото не го поседува потребниот комплет за прва помош, предвидена е парична казна од 30 евра.

ВНИМАНИЕ ВОЗАЧИ, ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДВЕ НОВИ ПРАВИЛА Еве што мора да содржи вашиот автомобил ова лето

 

Поврзани содржини