КАКО ИЗГЛЕДА ПОГЛЕДОТ ОД ПРОЗОРЕЦОТ НА СОВРЕМЕНИОТ ДОМ? ARTEVO од REHAU нуди целосно решение на прозорски профили

Со новитетите што REHAU ги претстави на Frontale 2026, водечкиот светски саем за прозорци, врати и фасади, ARTEVO ја зацврстува својата позиција на пазарот како повеќе од прозорски систем, односно како современ концепт што ги спојува дизајнот, енергетската ефикасност и комфорот во домот.

0

ARTEVO од REHAU влегува во нова фаза на развој како решение за современиот дом. На саемот Frontale 2026, REHAU го претстави развојот на ARTEVO како целосен премиум систем со нова подигнувачко-лизгачка врата и ново решение за влезна врата. Со тоа, ARTEVO добива уште поширока примена во архитектурата и во секојдневното домување, позиционирајќи се како производ што одговара на новите барања за повеќе светлина, повеќе простор и повисоко ниво на удобност во домот, но и во канцелариските простории.

Во време кога прозорецот одамна не се гледа само како градежен елемент, туку како дел од целокупното доживување на просторот, ARTEVO на пазарот се позиционираше како иновативно решение кое ги спојува естетиката со перформансите. Овие карактеристики се и одговор на очекувањата на корисниците кои не бараат само убав изглед, туку и стабилност, тишина, сигурност и долгорочна вредност.






Една од најсилните предности на овој прозорски систем е начинот на кој го отвора просторот со повеќе природна светлина, почисти линии и чувство на визуелна леснотија. Овие квалитети денес стануваат сè поважни и за архитектите и за луѓето кои го уредуваат својот дом. Во таа смисла, ARTEVO не нуди само техничко решение, туку придонесува за атмосферата во просторот, за чувството на просторност и за помирен, поуреден амбиент.

Вистинската вредност на системот се препознава кога секојдневно го среќавате. Односно, домот е подобро заштитен од надворешната бучава, температурата во просторијата е постабилна и удобноста во просторот веќе не зависи од сезоната. Ова го прави прозорецот дел од квалитетот на живеењето, а токму тука ARTEVO ја покажува својата суштина, како решение создадено да донесе тивок комфор и сигурност, без компромис со дизајнот.

Новитетите претставени на Frontale 2026 дополнително го зацврстуваат тој впечаток. Новиот концепт на низок праг кај подигнувачко-лизгачката врата овозможува поелегантен и поприроден премин меѓу внатрешниот и надворешниот простор, нешто што особено добива на значење кај современите домови со поголеми стаклени површини и силна врска со терасата, дворот или градината. Истовремено, подготвеноста за интеграција на паметни компоненти покажува дека ARTEVO е развиен како платформа што треба да одговори на начинот на живеење во иднина.

Силна страна на системот е и неговата флексибилност во дизајнот. Со над 2000 можности за бои и форми, ARTEVO станува дел и од визуелниот идентитет на објектот. Токму затоа тој подеднакво убедливо се вклопува и во минималистичка современа архитектура и во домови со потопол, поперсонализиран карактер.

Од аспект на енергетската ефикасност, ARTEVO е одговор на потребата на современото живеење домот подобро да ја задржува температурата и да биде постабилен во текот на целата година. Со тоа нуди и поквалитетно секојдневно живеење со помалку енергетски загуби.

Дека станува збор за производ со силна професионална и пазарна тежина, покажуваат и меѓународните признанија што ARTEVO веќе ги има добиено. После German Design Award 2024, варијантата ARTEVO TERRA ги освои German Design Award 2025, iF DESIGN AWARD 2025 и Red Dot Award 2025 во областа на одржлив дизајн. Овие награди не се само потврда за визуелниот квалитет на системот, туку и јасен сигнал дека станува збор за решение што е препознаено и во стручната меѓународна јавност.

Со најновото проширување во понудата, ARTEVO од REHAU сè појасно се позиционира како премиум систем што го следи современиот животен стил. Во домот или канцеларискиот простор носи повеќе светлина, повеќе мир, повеќе слобода во дизајнот и појасна енергетска логика. Тој е дел од една поширока визија за креирање на простор што изгледа современо, функционира паметно и е создаден да трае.

Групацијата REHAU ги обединува компаниите од секторите за градежништво, индустриско инженерство, материјали, медицина, мобилност и мебел под еден покрив. Со решенија базирани на полимери, оваа глобална компанија генерира годишни приходи од околу 3 милијарди евра. Пионерскиот дух и визионерската енергија ги инспирираат повеќе од 13.000 вработени ширум светот да ги подобрат животите на луѓето преку примената на иновативни технологии. Engineering progress. Enhancing lives.

Поврзани содржини