🎥 СОПРУГОТ НА ЕВРОВИЗИСКАТА ПОБЕДНИЧКА Е ПОЗНАТ НАУЧНИК По објавата на победата, Дара се стрча во прегратките на Ервин Иванов

Откако го освои Евросонг 2026 и испиша историја за Бугарија, јавниот интерес за приватниот живот на пејачката Дара нагло порасна, а особено внимание привлекува нејзиниот сопруг, научникот Ервин Иванов.

1

Победничката на Евровизија 2026, бугарската пејачка Дара, стана едно од најбараните имиња на европската музичка сцена по нејзиниот голем триумф во Виена.

Со песната „Banagaranga“, таа ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија и ја освои публиката низ цела Европа со својот енергичен настап, модерен поп звук и впечатлива фолклорна симболика.
И додека во последните денови е на насловните страници поради нејзиниот успех на Евровизија, Дара веќе некое време ужива и во хармоничен приватен живот.






Минатата година, бугарските медиуми објавија дека пејачката се омажила за својот долгогодишен партнер, доктор Ервин Иванов.

По објавата на победата на Евровизија, пејачката му се фрли во прегратки на својот сопруг, а видеото од оваа долга и емотивна прегратка ги обиколи социјалните медиуми.

По објавата на победата на Евровизија, пејачката му се фрли во прегратки на нејзиниот сопруг, а видеото од оваа долга и емотивна прегратка ги обиколи социјалните медиуми.

@lavadom_

Beautiful, Moment Of Dara After Winning Eurovision 2026 In The Express Conference #dara #eurovision #esc26 #bulgaria

♬ original sound – Lavadom

Инаку, пејачката веста за својата венчавка не ја објавила со традиционално соопштение за медиумите, туку со кратко видео на социјалните мрежи. Во емотивното видео, таа се појави во бела венчаница опкружена со деверуши, а во кратка порака до своите обожаватели откри дека го кажала судбоносното „да“.

Нејзиниот сопруг Ервин Иванов е фармаколог и научник, а според бугарските медиуми, има околу 35 години. Наводно се занимава со научни истражувања во областа на лековите и терапиите, вклучувајќи проекти поврзани со канабиноиди и екстракти од канабис.

Нивната љубовна приказна и претходно го привлекувала внимание на јавноста. Според бугарските портали, Ервин ѝ предложил брак на Дара за време на романтично патување во Тајланд, а среќната вест ја споделиле на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARA (@darnadude)

Обожавателите реагираа особено емотивно кога некои медиуми објавија дека Дара му ја посветила песната „Only Mine“ на својот сопруг. Многумина сметаат дека токму љубовната стабилност е една од причините зошто таа зрачи со самодоверба и позитивна енергија на сцената во последните години.

Поврзани содржини