🎥 НОЛЕ И НЕГОВАТА ЌЕРКА ТАРА ЈА СРЕТНАА ДАРА Новак Ѓоковиќ заедно со победничката на Евросонг ја одигра кореографијата за Бангаранга
Еден од најголемите тенисери на сите времиња, уште еднаш докажа дека, освен што е мајстор на теренот, е и вистински мајстор за добра забава. Престојот во Грција и сосема неочекуваната средба за време на вечерата се претворија во вистински вирален хит што ги преплави социјалните мрежи.
Пејачката Дара, која оваа година како победничка на Евровизија го обезбеди домаќинството на овој музички настан во Бугарија во 2027 година, се пофали на социјалните мрежи со средбата со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тенисерот беше придружуван од неговата ќерка Тара, а со Дара ги покажаа своите вештини кога станува збор за кореографијата на песната „Бангаранга“ што ја освои европската публика.
Така, еден од најголемите тенисери на сите времиња, уште еднаш докажа дека, освен што е мајстор на теренот, е и вистински мајстор за добра забава. Престојот во Грција и сосема неочекуваната средба за време на вечерата се претворија во вистински вирален хит што ги преплави социјалните мрежи.
Пејачката, која годинава ја освои Европа со својот енергичен хит „Бангаранга“, не можеше да го скрие своето воодушевување кога ги виде познатиот тенисер и неговата ќерка Тара во ресторанот.
– Каков мал свет. Кога судбината зборува, слушаш и правиш „Бангаранга“. Случајно го сретнав Новак додека вечеравме – беше сосема неочекувана, но прекрасна средба, како сè да било судено – напиша возбудената Дара покрај објавата на видеото што го сподели на својот Инстаграм профил.
За да биде уште подобро, Ноле не само што учтиво ја поздрави пејачката, туку и целосно се опушти и танцуваше со неа. Во лежерна облека, бела маица, беж шорцеви и патики, Ѓоковиќ се насмевна од уво до уво и го следеше ритамот на победничката евровизиска песна, а неговата ќерка Тара им се придружи во танцот.
Интересно е што Новак и Тара претходно го вежбаа овој ист симпатичен танц и го споделија со обожавателите, но сега го изведоа во друштво на самата изведувачка.
View this post on Instagram