АРАГЧИ ОДИ ВО ПАКИСТАН НА КОНСУЛТАЦИИ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА Иранскиот допломат ќе ги посети и Оман и Русија
Исламабад се обидува да ги обнови разговорите помеѓу Иран и САД за да се стави крај на војната, во која загинаа илјадници луѓе од Блискиот Исток и која ја потресе светската економија.
Шефот на ирачката дипломатија Абас Арагчи денеска ќе отпатува во Пакистан на разговори за завршување на војната, јави Иранската новинска агенција (ИРНА).
Целата на патувањето на Арагчи се билатерални консултации за тековните случувања во регионот и најновата ситуација со војната, што САД и Израел ѝ ја наметнаа на Иран, наведува ИРНА.
Арагчи во Пакистан патува со мала делегација.
Иранскиот министер за надворешни работи ќе ги посети и Оман и Русија.
Исламабад се обидува да ги обнови разговорите помеѓу Иран и САД за да се стави крај на војната, во која загинаа илјадници луѓе од Блискиот Исток и која ја потресе светската економија.