ДОСТА ДРЖИТЕ СМЕШНИ И ОТМЕНИ СОСТАНОЦИ, ФАТЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА Заврши времето на бесплатен превоз за Европа и за Азија

вропа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица, рече американскиот министер за војна, Пит Хегсет.

47

САД постигнаа одлучувачки воени резултати во Иран, рече денеска американскиот министер за војна Пит Хегсет.

Тој ја оцени воената операција „Епски бес“ како „смела и опасна мисија, подарок за целиот свет“.

Според него американската поморска блокада на иранските пристаништа секој ден станува сè посилна.

– Пораката до режимот во Техеран е: блокадата се стега од час во час. Ние имаме контрола. Ништо не влегува и ништо не излегува – посочи Хегсет.

Тој наведе дека сега Иран треба да донесе мудра одлука и да се откаже од поседување нуклеарно оружје.

– Инаку, можат да гледаат како кревката економска состојба на нивниот режим се распаѓа под немилосрдниот притисок на американската моќ – истакна Хегсет.

Прашан за недостигот на гориво за авиони во Европа и дали некои земји понудиле да им помогнат на САД во Ормутскиот теснец, министерот за одбрана рече дека за Европа и за Азија „заврши времето на бесплатен превоз“.

– Европа и Азија со децении имаа корист од нашата заштита, но заврши времето на бесплатен превоз. Америка и слободниот свет заслужуваат способни и верни сојузници, кои разбираат дека сојузништвото не е еднонасочна туку двонасочна улица – истакна Хегсет.

Не сметаме на Европа, додаде, но ним им е потребен Ормускиот Теснец повеќе отколку нам.

– Можеби треба помалку да зборуваат и да имаат помалку отмени конференции низ Европа и да се занимаваат со работа. Ова е многу повеќе нивна борба отколку наша. Ја видовте, би ја нарекол, смешната конференција во Европа минатата недела, каде што се собраа и разговараа за разговор, а можеби и за тоа да направат нешто на крајот, кога сè ќе заврши. Тоа сè уште не е сериозен напор – рече Хегсет.

Поврзани содржини