НЕМА ПЛАН ЗА ИСФРЛАЊЕ НА ШПАНИЈА ОД НАТО Демантирани гласините од Пентагон

НАТО јасно порача дека не постои механизам за суспензија на членки, откако се појавија информации за можни мерки од САД. Шпанија и Алијансата ги демантираа сценаријата, нагласувајќи дека одлуките се носат врз официјални позиции.

68

НАТО соопшти дека не постои одредба за суспендирање или исклучување на земјите членки, по информациите дека Пентагон разгледувал мерки против Шпанија поради нејзиниот став за Иран.

Информациите произлегуваат од интерна комуникација. Ројтерс денеска објави дека анонимен службник на САД изјавил во мејл Пентагон споменал можни санкции кон сојузници, вклучувајќи суспензија на Шпанија и одземање на суверенитетот на Фолкландските Острови од Велика Британија. Сепак, Алијансата јасно ја отфрли таквата можност.

– Основачкиот договор на организацијата не предвидува никаква одредба за суспензија на членството или за исклучување од НАТО – изјави функционер на Алијансата.

Ова ја затвора правната дилема околу можноста за вакви мерки. Според правилата, членството не може да се укине со ваков механизам.

„Не работиме на база на е-мајл“

Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така ги отфрли написите. Тој порача дека владата работи врз основа на официјални документи. Според него, ваквите информации не ја менуваат позицијата на земјата.

– Ние не работиме врз основа на е-пошта. Работиме со официјални документи и официјални владини ставови – изјави Санчез.

Тој додаде дека Шпанија останува лојален партнер. Соработката во рамки на НАТО продолжува.

„Тензиите растат, единството се тестира“

Изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп дополнително ја засилија тензијата. Тој повеќепати ги критикуваше сојузниците. Особено оние што не ја поддржаа војната со Иран.

Во меѓувреме, европските земји покажуваат резервираност. Дел од нив условуваат поддршка со прекин на огнот. Ова ја усложнува ситуацијата во Алијансата.

Поврзани содржини