АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА ИЗВРШИЛА ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН По краткото затишје нова ескалација

Во меѓувреме, Саудиска Арабија објави дека нејзините вооружени сили, во координација со Цент-ком, извеле напади врз објекти на вооружени групи поддржани од Иран во Ирак.

108

Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток.

Централната команда на вооружените сили на САД на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од вторникот.






Последните напади за светските агенции претставуваат дополнителна ескалација по краток период на релативно смирување на состојбата.

Иранските државни медиуми во вторникот пренесоа соопштение на Исламската револуционерна гарда во кое се наведува дека е извршен напад врз американска воена база во Јордан. Вооружените сили на Јордан соопштија дека пресретнале пет ракети.

Во меѓувреме, Саудиска Арабија објави дека нејзините вооружени сили, во координација со Цент-ком, извеле напади врз објекти на вооружени групи поддржани од Иран во Ирак.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера вети дека ќе возврати на иранските ракетни напади врз американските сили во регионот.

Поврзани содржини