ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА „БОГОРОДИЦА“ За излез од државата се чека околу 20 минути

Зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини, а АМСМ апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

1

На граничниот премин „Богородица“ утрово се чека околу 20 минути за излез од државата поради зголемената фреквенција на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.

Особена внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини