АЛТА БАНКА ВЛЕГУВА ВО МЗТ СКОПЈЕ Ново партнерство за спортот, клубот и заедницата

Соработката беше официјализирана во „Јане Сандански“, а двете страни најавија партнерство насочено кон долгорочна поддршка на клубот и спортот.

0

АЛТА банка е нов спонзор на КК МЗТ Скопје Аеродром, со што започнува партнерство насочено кон поддршка на македонскиот спорт и промоција на вредностите што ги поврзуваат спортот и успешното деловно работење – посветеност, дисциплина, тимски дух и континуиран стремеж кон подобри резултати.

Соработката беше официјализирана на денешната прес-конференција во Спортскиот центар „Јане Сандански“, во присуство на претставници на АЛТА банка и раководството на клубот.






МЗТ Скопје е клуб со голема традиција, силен идентитет и значајно место во македонската кошарка, со континуирани амбиции на домашната, регионалната и европската сцена. Токму во таквиот пристап АЛТА банка препозна партнер со кој може да изгради соработка што ќе оди подалеку од класичното спонзорство.

– За АЛТА банка претставува големо задоволство што ја официјализираме соработката со МЗТ Скопје – клуб со голема традиција, силен идентитет и препознатливост, кој оставил силен печат во македонската кошарка. Како банка која расте и се развива и гради сè посилно присуство во македонскиот финансиски систем и општеството, сакаме да бидеме активен дел од заедницата во која работиме. Веруваме дека улогата на една компанија не завршува со услугите што ги нуди, туку подразбира и поддршка на спортот, младите, позитивните примери и организациите кои создаваат вредност и ги обединуваат луѓето. Нашата желба е ова да не биде само класично спонзорство, туку активно и динамично партнерство преку кое заеднички ќе создаваме дополнителна вредност за клубот, навивачите, клиентите на АЛТА банка и пошироката заедница – изјави Стефан Николиќ, член на Управниот одбор на АЛТА банка.

Од МЗТ Скопје ја истакнаа важноста на влегувањето на АЛТА банка во партнерското семејство на клубот и подготвеноста за долгорочна соработка.

– Радува фактот што една компанија која и во својот корпоративен идентитет силно го препознава спортот и кошарката, како на локално, така и на регионално ниво, ги препозна начинот на функционирање и амбициите на КК МЗТ Скопје. Со АЛТА банка во нашето семејство добиваме уште една сериозна компанија, подготвена да ги следи амбициите на клубот не само во оваа сезона, туку и на среден и долг рок. Веруваме дека заедно ќе продолжиме да ги градиме успесите на домашен и регионален план, а оваа сезона, по подолг период, и на европската сцена преку настапите во ФИБА натпреварувањата – изјави Никола Трајчевски, претседател на Одборот на директори на КК МЗТ Скопје.

Со партнерството со МЗТ Скопје, АЛТА банка ја продолжува својата определба да биде активен поддржувач на спортот и на иницијативите што носат позитивни вредности во заедницата.

За банката, ова е почеток на соработка која треба да расте заедно со амбициите на клубот и да создава нови можности за МЗТ Скопје, неговите навивачи, клиентите на АЛТА банка и пошироката заедница.

АЛТА банка и МЗТ Скопје со заедничка енергија влегуваат во новото партнерство, со амбиција за нови успеси, посилна поддршка на спортот и создавање вредност што оди подалеку од кошаркарскиот терен.

Поврзани содржини