АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ЗА БАНКРОТИ ЕУ Во вториот квартал речиси 6% од фирмите отишле во стечај

Според европската статистика во овој квартал се намалил и бројот на новоотворени фирми.

0

Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат.

Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека стечаите се зголемени за 5,7%.






Намалување на новорегистрирани бизниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор за 3,6%, во угостителски услуги тој изнесува 3,4%, а во образованието и социјалните услуги за 3,2%.

Бројот на новоотоворени фирми бележи раст во информатичкиот и комуникацискиот сектор од 8,8%), како и во градежниот сектор 1,0%.

Од друга страна, евидентирано е зголемување на банкротираните компании во 5 од 8 сектори. Најголем раст на банкроти има во образованието и социјалните дејности од 21,1%, транспортот 11,4% и во финансиските услуги од 6,8%. Намалување на банкротите е забележано во сместувањето и угостителските услуги за 2,6%, градежништвото 1,7% и во трговијата за 1,2%.

Поврзани содржини