📽 ЈА ИСВИРКАА ТЕЈЛОР СВИФТ НА „СУПЕРБОУЛ“, СЕ НАДОВРЗА И ТРАМП Бурни реакции на социјалните мрежи, фановите ја штитат пејачката

Кога пејачката се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини - речиси целосно неоптоварена од извиците од посетителите.

498

Тејлор Свифт се појави на „Супербоул“ финалето во американско рагби вчера, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на Канзас Сити Чифс, кои загубија од Филаделфија Иглс.

Кога пејачката се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини – речиси целосно неоптоварена од извиците од посетителите.






„Тејлор не ја заслужува оваа омраза… Изгледа како така добра личност“, „Кралица“, „Кому му е грижа за хејтерите“ – гласат дел од коментарите на Икс, а во нејзина одбрана излезе и американската тенисерка Серена Вилијамс.

„Те сакам, Тејлор Свифт. Не обрнувај им внимание на извиците!“, напиша Вилијамс.

И претседателот на САД, Доналд Трамп, го искористи сето тоа, па на свој начин, се чини, ја исмеа поп-пејачката, покажувајќи дека тој добил само ракоплескање.

Поврзани содржини