📽️ НАПРЕД ЗАКОПЧАНА ДО ГРЛО, А НАЗАД… Роузи Хантингтон-Вајтли на гала-вечерта во Лос Анџелес ги шокираше фотографите
Британската манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли ги изненади фотографите на гала-вечерта во Лос Анџелес, кога се појави во фустан на Гучи кој гледан однапред не го навестуваше шокантниот изглед на задниот дел што речиси целосно ѝ ги откри и грбот и задникот
Британската манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли привлече големо внимание на овогодишната гала-вечер LACMA Art+Film во Лос Анџелес, благодарение на фустанот кој од предната страна изгледаше елегантно и прилично затворено, но откри сосема поинаква модна приказна кога таа се сврте со грбот кон фотографите.
Поранешниот ангел на „Викторија’с сикрет“ се појави во црн долг фустан од „Гучи“, со долги ракави, тесен крој и висока, скулптурална јака која ѝ го покриваше вратот речиси до брадата. На прв поглед, креацијата изгледаше класично и воздржано, но задниот дел беше речиси целосно отворен, од вратот па до долу.

Најголемото изненадување беше начинот на кој фустанот се држеше на телото. Наместо класичен заден дел, имаше само една тесна лента со метален детаљ со логото на „Гучи“, поставена преку задникот. Високиот шлиц дополнително го нагласуваше смелиот изглед на креацијата. Внатрешноста на фустанот беше украсена со темнозелени светки, кои дискретно се забележуваа при движењето.
Роузи го надополни изгледот со црни шпиц салонки, впечатливи обетки со дијаманти и зелени камења.
View this post on Instagram
Гала-вечерта LACMA Art+Film се одржа на 7 ноември во Музејот на уметност во Лос Анџелес, по 15-ти пат, и повторно собра бројни познати личности од филмот, музиката и модата. Настанот беше посветен на уметницата Виja Целминс и режисерот Дени Вилнев, а музички настап имаше Роуз од групата „Блекпинк“.
Хантингтон-Вајтли, која има две деца со актерот Џејсон Статам, и претходно привлекуваше внимание со модните избори на црвениот тепих. Таа е позната и по улогите во филмовите „Трансформерс: Темната страна на Месечината“ и „Лудиот Макс: Патот на бесот“.