🎥 УКРАИНЦИТЕ ЗБЕСНАА ШТО БУДАНОВ ЗБОРУВАШЕ РУСКИ ВО ЈАВНОСТ Шефот на кабинетот на Зеленски ќе плати казна

украинската комесарка за заштита на државниот јазик, Елена Ивановска рече дека се поведени соодветни правни постапки и дека Кирил Буданов „го признал прекршокот, без да се обиде да најде оправдување“.

0

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов ќе плати парична казна поради јавна употреба на рускиот јазик, соопшти украинската комесарка за заштита на државниот јазик, Елена Ивановска.

Таа наведе дека во врска со случајот се поведени соодветни правни постапки и дека Буданов го признал прекршокот, без да се обиде да најде оправдување.






„Фактот дека дошло до прекршување на законот е признаен без обид да се најде оправдување“, напиша Ивановска на Фејсбук.

Според неа, државниот надзор продолжува во согласност со пропишаната постапка, а комуникацијата со Буданов била спроведена во законски рамки. Предвидената парична казна ќе биде платена во законски утврдениот рок. Ивановска нагласи дека ваквите случаи треба да се решаваат во правни рамки, а не преку јавно линчување на социјалните мрежи.

Повод за поведување на постапката беше видеоснимка од 2 ноември, на која Буданов на руски јазик разговара со 14-годишно момче во местото Петропавловска Боршчаговка, во Киевската област.

Снимката предизвика негодување кај дел од корисниците на украинските социјални мрежи, особено на платформата Тредс, поради употребата на рускиот јазик од страна на висок украински функционер.

Буданов пристигнал на местото откако бил откриен подрум во кој, според тогашните информации, вооружени лица држеле околу 40 луѓе, а пред објектот се одржуваше протест. Меѓу лицата изведени од подрумот било и 14-годишното момче, а околностите под кои се нашло во тој објект предизвикаа дополнителни прашања и реакции во јавноста.

На случајот претходно реагираше и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која укажа дека Буданов разговарал со момчето на руски јазик. Таа тогаш иронично праша колкава казна ќе му биде изречена на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски поради употребата на рускиот јазик.

 

Украина во последните години значително го ограничи официјалното и јавното користење на рускиот јазик, но тој не е целосно забранет во земјата. Клучниот документ е Законот за функционирање на украинскиот јазик како државен од 2019 година, со кој украинскиот е утврден како единствен официјален државен јазик, со задолжителна употреба во државните институции, образованието, јавните услуги, медиумите и други сфери на јавниот живот.

Од јануари 2022 година, националните печатени медиуми регистрирани во Украина мора да објавуваат на украински јазик, а изданијата на други јазици треба да имаат и украинска верзија со еднаков обем и содржина. Во образованието, употребата на украинскиот е засилена, додека рускиот не е меѓу јазиците за кои се предвидени одредени повластени исклучоци. Мерките се образложуваат со потребата од зајакнување на националниот идентитет и надминување на историската русификација.

На 12 јуни 2026 година, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша и закон со кој рускиот јазик беше отстранет од списокот на јазици што уживаат посебна заштита според Европската повелба за регионални или малцински јазици. Украинското Министерство за култура образложи дека рускиот, како јазик на државата-агресор, повеќе не треба да биде опфатен со механизмите за посебна заштита.

🎥 НЕМИРИ ВО КИЕВ ПО ГЛАСИНИ ЗА ИЗМАЧУВАЊЕ ВОЈНИЦИ Началникот на штабот на Зеленски: Што се случува, по ѓаволите?

Поврзани содржини